Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД ќе го намали авиосообраќајот за 10% на 40 големи аеродроми

/

пред 343 дена

Сподели преку :

За 10% ќе го намали авио сообраќајот САД на 40 големи аеродроми, ова го изјави американскиот министер за транспорт Шон Дафи  откако блокадата на владата влезе во рекордниот 36. ден. Драстичниот план ги натера авиокомпаниите да се обидат значително да ги намалат летовите во рок од 36 часа.

Дафи кажа дека намалувањето ќе биде укинато ако Демократите дозволат повторно отворање на владата. Најдолгата блокада на владата во историјата на САД принуди 13.000 контролори на летање и 50.000 службеници од Агенцијата за безбедност во сообраќајот (ФАА) да работат без плата.

Десетици илјади летови беа одложени од почетокот на блокадата поради широко распространетите недостатоци во контролата на воздушниот сообраќај. Авиокомпаниите велат дека најмалку 3,2 милиони патници веќе се погодени поради ова.

ФАА кажа дека намалувањето на капацитетот на аеродромите би започнало со 4%, што ќе се зголеми на 5% в сабота и 6% в недела, пред да достигне 10% следната недела. Меѓународните летови ќе бидат исклучени од намалувањата.

Иако владата не наведе кои аеродроми ќе бидат опфатени со мерката, се очекува да бидат погодени 30-те најпрометни аеродроми во САД, вклучувајќи ги Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Вашингтон, Атланта и Далас. Според фирмата за анализа на авиосообраќајот „Сириум“, се очекува да бидат укинати околу 1.800 летови со вкупно 268.000 седишта.