Соединетите Американски Држави соопштија дека ќе и доделат кредит од 20 милијарди долари на Украина, обезбедени од замрзнатите руски резерви. Овој потег е дел од напорите на групата на седум најразвиени демократии, која гарантира дека руските странски резерви во западните банки, проценети на околу 300 милијарди долари, ќе останат замрзнати сè додека Русија не ја прекине агресијата и не плати репарации.
Претседателот Џо Бајден истакна дека оваа ситуација е уникатна и никогаш претходно не се случило мултилатерална коалиција да искористи замрзнати средства на агресор за финансирање на одбраната на засегнатата земја.
Кредитите ќе бидат управувани од Светската банка, а остатокот од 30 милијарди долари ќе дојде од партнерите во Г-7. Според Белата куќа, овој подег е пример за единство и солидарност во поддршката на Украина. Министерката за финансии Џенет Јелен изрази уверување дека руските средства ќе останат замрзнати, што е од клучно значење за продолжување на помошта кон Украина.











