Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина, како дел од новата фаза на поддршка за одбраната на земјата од руските напади.
„Ќе ги испратиме „патриотите“ што им се очајно потребни,“ рече Трамп, додавајќи дека трошоците за ракетите ќе ги покрие Европската Унија.
Тој не откри колку ракети ќе бидат испратени, но порача дека Киев ќе добие „разни парчиња софистицирана воена опрема“. Трамп повторно ја критикуваше Русија и претседателот Владимир Путин.
„Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè. Тоа е проблем и не ми се допаѓаат такви игри,“ изјави Трамп.
Тој ја оправда испораката на воена помош со потребата за решителна поддршка за Украина, особено поради новите воздушни напади на Русија. Трамп се осврна и на можен прекин на огнот во Појасот Газа, изразувајќи надеж дека договор може да се постигне до крајот на неделата.
Од другастрана портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков вели дека руската страна е подготвена да одржи и трета рунда преговори со Украина за војната.











