Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД не успеаја да постигнат ништо значајно, целта им беше да се предадеме, а не нуклеарната програма – прво обраќање на ајатолахот Хамнеи по воздушните удари

/

пред 479 дена

Сподели преку :

Иранскиот врховен лидер, алатолахот Али Хамнеи го одржа првиот говор по нападите на САД. Откако една недела не беше виден во јавност, а последното обраќање го имаше на 18 јуни, Хамнеи истакна дека САД „не успеале да постигнат ништо значајно“ со ударите врз иранските нуклеарни капацитети. Рече дека претседателот Трамп дал „вообичаено пренапумпана“ верзија на она што се случи.

„Беше јасно дека мора да го направи тоа. Ние нападнавме една од клучните американски бази во регионот, а тие се обидоа да го намалат значењето на тоа“, рече Хамнеи и додаде дека секој кој слушал може да препознае како САД ги пренагласување работите за да ја искриват вистината.

Ајатолахот потенцира дека иранскиот народ покажал единство, а повикот на Трамп за предавање го смета за навреда за иранската нација. Според него, американските напади не биле насочени кон иранските нуклеарни постројки, туку вистинската цел била „предавање“.

„Еден ден зборат за човекови права, друг ден за права на жените, потоа за нуклеарното прашање, па за ракетите“, истакна Хамнеи.