Соединетите Американски Држави денеска повторно ставија вето на предложената резолуција од Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) за моментален прекин на огнот во Појасот Газа. Ова е трет ваков потег на САД од избивање на борбите во палестинската енклава на 7 октомври.
Резолуцијата ја поднесе Алжир и за неа гласаа 15 13 земји членки на СБ, а Велика Британија беше воздржана, пренесува „Ројтерс“.
Американската амбасадорка Линда Томас Гринфилд рече дека секоја акција која би била преземена од СБ ќе значи пречка на „чувствителните и актуелни преговори“.
„Ние веруваме дека резолуцијата ќе влијае негативно на преговорите. Барање на моментален, безусловен прекин на огнот, без договор кој би барал ослободување на заложници од Хамас, не би довел одржлив мир. Наместо тоа, би продолжила борбата меѓу Израел и Хамас“, рече Гринфилд.











