Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД преместуваат ударна група на носачи на авиони со 5.500 војници поблиску до Израел

/

пред 1091 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави ќе преместат ударна група на носачи на авиони со 5.500 војници поблиску до Израел, вклучувајчи го носачот „Форд“ и бродови кои служат како негова поддршка, објави министерот за одбрана на САД, Лојд Остин.

Тој додаде дека САД ќе обезбедат муниција за Израел и ќе распоредени дополнителен број на авиони во регионот, пренесува „Ројтерс“.

Британската агенција пренесе оти Вашингтон верува дека нападот на Хамас имал за цел да ја „наруши нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија“.

„УСС Џералд Форд и неговите околу 5.000 морнари и платформи со воени авиони ќе бидат придружувани од крстосувачи и разорувачи за демонстрација на сила која е замислена да биде подготвена да одговори на било што – од евентуално спречување за дотур на дополнително оружје да стигне до Хамас и спроведување на надзор“, пренесува АП.