Соединетите Американски Држави и Русија постигнаа договор за безбедно и сигурно пловење по Црното Море, што беше еден од клучните цели во преговорите. Договорено е дека ќе нема напади и на енергетската инфраструктура ниту во Русија, ниту во Украина.
Покрај тоа, според информациите од САД, Вашингтон ќе ѝ помогне на Русија за поторен пристап до глобалниот пазар за извоз на земјоделски производи и ѓубрива, вклучувајќи и намалување на трошоците за осигурувцање на бродовите и олеснување на пристапот до пристаништа и платежните системи за таквите трансакции.
Белата куќа објави дека САД и Украина договориле продолжување на американската посветеност за враќање на присилно одведените украински деца.
„Соединетите Американски Држави и Русија договорија осигурување на сигурно пловење, елиминирање на употребата на сила и спречување на користењето на трговски бродови за воени цели во Црното Море“, се вели во соопштението од Белата Куќа.











