Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД запленија седми танкер поврзан со Венецуела

/

пред 256 дена

Сподели преку :

Американските сили го запленија нафтената танкер „Motor Vessel Sagitta“, седми брод од ваков вид поврзан со Венецуела и под санкции на САД. Танкерот бил преземен „без инцидент“ додека ја прекршувал забраната за пловила санкционирани од САД во Карипското море, соопштија американските власти.

„Sagitta“ е либериски танкер управуван од компанија во Хонг Конг, кој последен пат ја пријавил својата локација пред повеќе од два месеци. Танкерот бил санкциониран од Министерството за финансии на САД во рамките на извршна наредба поврзана со војната во Украина и пренесувал венецуелска нафта.

Оваа акција следува по обидите на администрацијата на Доналд Трамп да контролира производство, рафинирање и глобална дистрибуција на венецуелската нафта. Од Вашингтон нагласуваат дека целта е да се овозможи законска и координирана продажба на нафтата од Венецуела.

T.Д.