Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД зедоа учество во заедничка воздушна вежба со Јужна Кореја

/

пред 606 дена

Сподели преку :

Jужна Кореја и САД денеска спроведоа заедничка воздушна вежба, соопшти Министерството за одбрана на Сеул. Јужнокорејски борбени авиони Ф-35А и Ф-15К учествуваат во вежбите над небото на Корејскиот Полуостров заедно со американските ловци Ф-16.

Јужнокорејската војска соопшти дека обуката во четвртокот е прва заедничка воздушна вежба за оваа година меѓу двете земји, спроведена за време на распоредувањето на бомбардерот Б-1Б на американските воздухопловни сили на Корејскиот полуостров.

Вежбата беше одржана за да се демонстрираат проширените способности за одвраќање на Јужна Кореја против се пософистицираните севернокорејски нуклеарни и ракетни закани и да се подобри интероперабилноста на комбинираните сили на сојузниците, соопшти војската.