Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Саем на мед во Куманово

/

пред 1058 дена

Сподели преку :

Седумнаесет пчелари од Куманово учествуваат на саемот на мед кој се одржува на градскиот плоштад во чест на Денот на ослободување на Куманово. Саемот го организира локалното здружение „Пчела“ со поддршка на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.

– Саемот е дводневен, завршува денеска. Задоволни сме од побарувачката на граѓаните. Ова е втора година како го организираме по повод Денот на ослободувањето на Куманово, што е двојно претставување на нашето локално производство во рок од два месеци, бидејќи во октомври се одржа традиционалната манифестација „Денови на мед“, изјави претседателот на здружението, Бобан Стошевски.

Саемот има продажен карактер, граѓаните можат да се снабдат со мед и други пчелни производи. Од здружението велат дека преку овој саем настојуваат да се вклучат во програмата на одбележување на денот на градот и на сограѓаните да им понудат одлични производи од локално подрачје.