Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сакал да влета со камион на произраелски протест – спречен терористички напад во Германија

/

пред 1076 дена

Сподели преку :

Германските власти во Дуизбург приведоа маж осомничен дека подготвувал терористички напад за време на вчерашниот произраелски протест. Лицето било уапсено, откако претходно безбедносните служби добиле дојава за плановите на 45 годишниот Тунижанец.

Тој, според странски разузнавачки служби, планирал со камион влета во толпата собрана во покраината Северна Рајна Вестфалија, пишува весникот „Билд“.

Според сознанија на медиумот, осомничениот бил инспириран од неодамнешниот терористички напад во Брисел, кога приврзаник на Исламската држава, исто така Тунижанец, уби двајца шведски навивачи и рани уште еден маж.