Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сакаме да ве слушнеме и да ви помогнеме – ЦИА со упатство до Иранците како да ја контактираат

/

пред 228 дена

Сподели преку :

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) на платформата Икс објави порака во која ги советува Иранците како безбедно да ја контактираат.

„ЦИА сака да ве слушне и сака да ви помогне. Во продолжение е упатство за тоа како да остварите безбеден виртуелен повик со нас. Пред да не контактирате, ве молиме преземете ги следните мерки на претпазливост“, се наведува во објавата на ЦИА на Икс.

Во упатството на ЦИА има осум точки за контакт, меѓу кои да се користи нов телефон за еднократна употреба, да се користат интернет пребарувачите „Гугл хром“ „Сафари“ или „Фајерфокс“ во режим на инкогнито, а потоа да се избрише историјата на пребарување.

ЦИА препорачува за контакт да се користи пребарувачот „Тор“, или некоја друга услуга за да го заобиколат филтрирањето на интернет сообраќајот, бидејќи безбедносните или разузнавачките служби можат да ги следат веб-страниците, а ЦИА овозможува енкрипција и пробивање на филтрите за контакт преку споменатите услуги.

Во упатството се наведува и Иранците, кои ќе одлучат да ја контактираат ЦИА да го наведат својот регион и град на живеење, име и презиме, занимање и работна позиција, ниво на пристап до информации или вештини што ги поседуваат, како и контакт информации што можат да се користат за безбедна комуникација.