Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Самит ЕУ – Западен Балкан во Тиват, во фокус е проширувањето

/

пред 120 дена

Сподели преку :

Од Тиват известува новинарката на Телма, Марија Дивитарова

Во време кога се дефинираат правците на европската политика кон Западен Балкан лидерите ќе разговараат за можноста за интеграција пред полноправнo членство. Идеја на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар, како и статус на набљудувач за земјите од Балканот.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека е љубопитен да ги чуе идеите на Мерц. Сепак, позицијата на владата околу уставните измени што се услов за понатамошна евроинтеграција останува непроменета. Нема уставни измени без гаранции од ЕУ дека нема да има дополнителни условувања.

Со Самитот ќе копретседава претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта кој претходно беше на турнеја низ земјите од Западен Балкан. Домаќин е црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, чија земја, заедно со Албанија се смета дека е најблиску до полноправно членство.
Самитот се одржува под наслов „Споделен просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“ и се очекува ЕУ да ја повтори недвосмислената посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан со јасна порака дека регионот припаѓа на Европа.

Самитот се одржува шест месеци по оној во Брисел, и за прв пат во Црна Гора. Домаќините велат дека ова не е само состанок на лидерите, туку политички момент во кој се дефинираат односите меѓу Унијата и Западен Балкан.

Од Тиват за Телма, Марија Дивитарова

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан