Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Само ние сакаме луѓето да бидат нахранети“ вели Трамп за кризата со храна во Газа

/

пред 434 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека САД е една од ретките земји кои помага и дава пари со цел да се нахранат луѓето во Појасот Газа.

„Само ние сакаме луѓето да бидат нахранети. И ние сме единствената земја што навистина го прави тоа. Ние даваме пари за да ги нахраниме луѓето“, рече тој, додавајќи „И ние сакаме Израел да ги нахрани. Даваме прилично големи прилози, во основа за купување храна за да можат луѓето да бидат нахранети“.

Болниците во Газа соопштија дека уште 33 Палестинци кои биле по потрага по храна биле убиени од страна на израелски војници. Израел презеде чекори во изминатата недела за да го зголеми протокот на храна во Газа, велејќи дека влегле 1.200 камиони со помош, додека стотици палети биле фрлени од воздух, но ОН и групите за помош велат дека условите не се подобрени. ОН соопштија дека се потребни од 500 до 600 камиони дневно.