Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ќе му предложи на парламентот да признае палестинска држава. Со ова, тој им се придружува на многу европски лидери и владини претставници кои рекоа дека се подготвени да поддржат дводржавно решение за Блискиот Исток.
„Ова наследство од нашиот почитуван поранешен премиер Хозе Луиз е истото, за почитување на меѓународниот закон од Русија и од Израел за крај на насилството, признавање на две држави и пристап на хуманитарната помош за Газа“, изјави Педро Санчез, премиерот на Шпанија.











