Молдавија денеска гласа на вториот круг претседателски избори. Актуелната шефица на државата, прозападната Маја Санду се надева на втор мандат, а нејзин ривал е Александар Стојанолго кој важи за близок до Русија, иако самиот го негира тоа.
Првиот круг на изборите во Молдавија мина во сенка на референдумот за проевропската иднина на земјата. Санду на 20 октомври освои 42 отсто од гласовите, што, сепак, беа недоволни за победа наспроти Стојанолго за кого гласаа 26 отсто од електоратот.
Анкетите прогнозираат тесна победа на Санду, но конечниот резултат во голема мера ќе зависи од волјата на бројната молдавска дијаспора.











