Новиот врховен државен јавен обвинител, Ненад Савески, денеска треба да положи свечена заклетва пред претседателот на Парламентот, Африм Гаши.
Тој ќе биде деветтиот републички јавен обвинител од осамостојувањето на земјата. Новиот државен обвинител е пред сериозни предизвици, сите очекуваат резултати.
Инаку Собранието вчера го именуваше Савески со 66 гласа „за“, два „против“ и осум „воздржавни“ по двочасовна дебата посветена помалку на кандидатот, а повеќе на тоа кој го партизирал обвинителството во изминатите години и децении. Предлогот на владата Савески да биде новиот државен јавен обвинител го образложи вицепремиерот Александар Николоски кој го опиша како еден од македонското обвинителство и судство без црни дамки.











