Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Савески: Сиромашно обвинителство не може да се спротивстави на богатиот криминалитет

/

пред 124 дена

Сподели преку :

И за транспарентноста и за борбата со криминалот се потребни повеќе средства. Државниот обвинител Савески испрати порака до извршната и законодавната власт од конференцијата финансиски поддржана од ЕУ на која беше презентирана новата Комуникациска стратегија на Јавното обвинителство

  • Сиромашно јавно обвинителство не може да се спротивстави на богатиот криминалитет, без финансиска поддршка, ние го даваме максимумот, но резултатите не може да бидат како што ги очекуваат граѓаните ако немаме сериозна финансиска поддршка. Таа порака и во оваа прилика ја испраќам  до законодавната и извршната власт да покаже волја за функционирање на јавното обвинителство, генерално но и кога станува збор и за оваа комуникациска стратегија која предвидува активности со финансиска поддршка- Ненад Савески, државен обвинител.

Савески најави измена проактивна комуникација на обвинителството со граѓаните но и измени на упатството за односи со јавност  со кое обвинителите ќе имаат обврска да ја информираат јавноста за предметите по кои постапуваат.

Заменик – генерален обвинител на Португалија порача Стратешките комуникации не се односи со јавноста за правдата, тие се алатка на владеењето на правото.

  • Обвинителството мора да ја брани својата независност, но истовремено мора и да ја објаснува. Обвинителството се соочува со специфична дилема. Судовите најчесто зборуваат преку пресудите, во постабилна фаза на постапката. Од обвинителите често се бара да се огласат уште во рана фаза, кога предметите сѐ уште се чувствителни и неизвесни. Јавната потреба од информации е најголема токму тогаш кога правната претпазливост е најнеопходна: по апсења, при претреси или во случаи што вклучуваат јавни личности, корупција, насилни кривични дела или национална безбедност- Пауло Жорже Виеира Моргадо де Карвајо, Заменик – генерален обвинител на Португалија.

Претседателот на ЗНМ рече дека изминатите години имаше направено повеќе чекори напред во однос на комуникација со новинарите, но се уште има простор за подобрување. Истакна дека безбедноста на новинарите е прашање од јавен инстерес.

Покрај новата комуникациска стратегија обвинителството има и ново лого.

Елена Иванвска Мукоска

Б.С.