По речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии поради испразнети места, денеска се состана комисијата за изборни именувања, откако пратениците известиле дека сакаат да достават предлог-имиња.
Седницата ќе продолжи попладнево за да се утврди процедурата.
Треба да се утврди предлогот за избор на 4 уставни судии, а владејачката партија неофицијално ги предлага, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ, Скендер Рауфи и други.
Од Опозицијата брифираат дека ќе достват предлог од шест кандидати, меѓу кои професорот Саво Климовски, Родна Живковска, Тодор Витларов и други.











