Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ бара Деспотовски итно да биде исклучен од партијата – тој вели дека по 30 години политички стаж ова не го очекувал

/

пред 291 дена

Сподели преку :

СДСМ бара Јован Деспотовски итно да биде исклучен од партијата. Од партијата го нарекуваат Депотовски петтоколонаш, и го обвинуваат дека во договор со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, со заеднички сили се обидуваат да ја дестабилизираат партијата преку медиумска кампања, обидувајќи се да го ослабат СДСМ – токму во моментот на подем на партијата.

Јован Деспотовски беше против-кандидат на актуелниот претседател Филипче и загуби на внатрепартиските избори, а сега, од лични и финансиски интереси, ја урива партијата одвнатре, соработувајќи со сили што претставуваат современ еквивалент на фашистичките окупатори, пишуваат од СДСМ.

Барањето ќе биде доставено до Централниот одбор, но до медиумите стигна како соопштение од партијата, без да се наведе кој точно стои зад него.

На ова реагираше Јован Деспотовски велејќи дека по 30 години политички стаж не очекувал неговата матична партија да го остави целосно без зборови и коментар.

  • Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И, никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде. Една лична порака за крај или за почеток – Венко, со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва, пишува Деспотовски на социјалните мрежи.

Б.С.