Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ бара истрага за тендер од 1,2 милиони евра во Пошта

/

пред 292 дена

Сподели преку :

СДСМ и денеска со повик до Јавното обвинителство да отвори предмет и да го истражи, како што велат, скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД „Пошта“, кој бил доделен на фирма поврзана со советник од ЗНАМ. Според партијата, станува збор за организирано испумпување јавни пари и системска кражба на средства на граѓаните.

Антикорупцискиот тим на СДСМ вчера објави наводи и докази од свиркач вработен во „Пошта“, кој тврди дека секоја година се испумпуваат над 300.000 евра преку корупциски шеми. Во пракса, недостасуваат околу 14 хигиеничари, а други работат со половина работно време, но се исплаќа целосен надомест за нивното присуство.

СДСМ тврди дека злоупотребите се прикриваат со лажни дневници за отсутни вработени и извештаи за чистење што никогаш не се реализирало. Партијата нагласува дека Јавното обвинителство не смее да молчи и мора веднаш да покрене истрага.