Најава од СДСМ дека партијата ќе поднесе предлог закон со кој минималната плата треба да се зголеми на 27.000 денари.
Предлагаат да се зголеми за 12.000 илјади денари, со што всушност се зголемува основицата, а процентот на покачување од 12,3 отсто да остане ист.
ВМРО-ДПМНЕ со критика кон предлогот на СДСМ, велат со ова работниците ќе добијат уште помали плати. Предлогот на синдикатот за покачување во првите 100 дена влада веќе пропадна, а нејасно дали во буџетот за идната година ќе има пари за повисоки плати.











