Со барање на предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ од денеска започна активна блокада на Собранието и велат дека нема да даваат поддршка на носењето на законите кои се на штета на граѓаните..Откако пратениците СДСМ побараа од пратениците од најголемата опозициска партија да ги вратат платите и дневниците, од ВМРО – ДПМНЕ возвратија – нивните политички противници да го направат тоа, бидејќи како што обелоденија, пред носењето на Законот за игри на среќа, првиот премиер Артан Груби распишал конкурс за основање на трговски друштва со основен влог од 10 милиони евра.











