Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ бара оставка од Панче Тошковски по трагедијата во Карпош

/

пред 220 дена

Сподели преку :

Социјалдемократски сојуз на Македонија побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по трагедијата во Карпош во која животот го загубија мајка и дете. Од партијата оценуваат дека случајот открил сериозни институционални пропусти во постапувањето по пријави за семејно насилство.

Според СДСМ, против сопругот биле поднесени 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство, а институциите имале сознанија за ризик, но не презеле соодветни мерки за заштита на жртвите.

Од партијата бараат темелна истрага што ќе утврди одговорност со име и презиме кај службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции. Реакција пристигна и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде обвинија дека СДСМ ја користи трагедијата за политички поени наместо да покаже емпатија и одговорност.

T.Д.