Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ бара Силјановска Давкова да го запре спојувањето на безбедносните агенции

/

пред 737 дена

Сподели преку :

Претседателката Гордана Силјановска Давкова да го запре спојувањето на Агенцијата за национална безбедност со Агенцијата за разузнавање, повика денеска лидерот на СДСМ, Венко Филпче откако КОД откри дека има идеја двете клучни безбедносни агенции да функционираат под иста капа. Во реформите и во подготовката на законот за спојување, според сознанијата на КОД учествуваат луѓе кои беа дел од  претходната злоупотреба на моќта на тајната служба УБК со прислушувањето во ерата на Сашо Мијалков.

„Ја повикувам и претседателката Силјановска Давкова, да заземе свој став и да го запре најавеното фузионирање на АНБ со Агеницијата за разузнавање. Да не се откажува од нејзините ингеренции поради тоа што има ваква најава за партизација на оваа институција. Тоа значи дополнително зголемување на капацитети на АНБ, кога би се фузионирала според најавите на премиерот. Ќе биде тоа една многу гломазна институција којашто тешко ќе се контролира, како што впрочем видовме во едно минато време 2016 за што и како се користеше“, рече Филипче.

Филипче упати критика и за назначувањето на новиот директор на АНБ, Бојан Христовски и го смета на форма на понижување на институцијата.

„Она што премиерот и Владата го направија со назначување на новиот директор на АНБ е во еден манир на диктаторство со што направија партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата за безбедноста, а тоа е Агенцијата за национална безбедност. Ние многу време и инвестиции потрошивме таа институција да се професионализира“, додаде лидерот на СДСМ. 

Христовски во интервју за КОД рече дека Владата не била задоволна од работењето на претходниот директор, а тој е назначен бидејќи имал две децениско искуство во секторот и со тоа не е прекршен ниту еден закон.

„Пред моето именување и предмоето условно враќање во МВР во декември 2023 година, односно одреден период претходно со поплнување на формална изјава, односно барање до ВМРО-ДПМНЕ се иземав и се отчленив од партијата“, изјави Христовски.  

Филипче најави дека СДСМ ќе ги извести сите стратешки партнери на земјата и ќе побара нивно мислење и реакција за назначувањето на Христовски.

Марија Митевска