Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ денеска ќе ја поднесе претставката до Уставниот суд за усвоената резолуција во Собрание

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Опозициската СДСМ денеска ќе ја поднесе претставката до Уставниот суд за неодамна усвоената резолуција во Собранието, со која се осудуваат „манипулациите на опозицијата околу прашањето за мигрантите“.

Потпретседателката Јована Тренчевска оцени дека резолуцијата е обид за гушење на слободата на говорот и вовед во режим.

СДСМ ја напушти седницата поради точката за осуда и потенцијално кривично гонеење на опозицијата за зборување за мигрантски кампови.

Таа истакна дека целта е да се таргетира секој што јавно зборува за мигранти и најави обраќање и до меѓународни институции за заштита на демократијата.

Владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, пак, појасни дека резолуцијата е за спречување на дезинформации и манипулации, со цел да се потврдат политиките против нелегална миграција и да се одржи општествената кохезија.