Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Две години економски неуспех, лажни ветувања и политичка изолација

/

пред 107 дена

Сподели преку :

Од СДСМ оценија дека по две години од владеењето на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, државата се соочува со економски проблеми, зголемен јавен долг и недоволни резултати во подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

Според партијата, буџетскиот дефицит е речиси исцрпен уште во првата половина од годината, додека растот на економијата се темели претежно на личната потрошувачка.

Од СДСМ тврдат дека нема доволно средства за повисоки плати, пензии и поголема поддршка за земјоделците, а воедно посочуваат и на пад на странските инвестиции.

Во соопштението се наведува и дека државата е во политичка изолација и дека е забавен напредокот кон Европската Унија.

Од СДСМ сметаат дека актуелната власт не ги исполнила ветувањата за подобар живот и економски развој, оценувајќи дека граѓаните се соочуваат со поголема несигурност и намалени економски перспективи.