„Поставувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност е незаконско затоа што тој не ги исполнува условите кои токму законите ги предвидуваат“, се вели во денешната реакција на опозициската СДСМ.
Од партијата посочуваат дека Христовски се користел со фалсификуван документ за познавање на англиски јазик, кривично дело кое повлекува одговорност. Наместо веднаш да го разреши, Мицкоски, по секоја цена го брани ова незаконско поставување.
Владата на Мицкоски и ДПМНЕ покажуваат дека за неа не постои ниту право ниту правна држава, велат од опозициската партија. Од таму го повикуваат Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности, и да се спроведе транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот.











