Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Лекот Фостер поскапе, бесплатниот го нема во аптеките, власта ги изигра пациентите со астма и ХОББ

/

пред 87 дена

Сподели преку :

Власта ги изигра и излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест, прво ја зголеми цената на лекот Фостер од околу 300 на над 1.000 денари, па потоа им вети бесплатен генерички лек како замена кој го нема во аптеките, обвини СДСМ.

„Ова е бесрамно поигрување со хронично болни пациенти чие здравје зависи од овој лек. Тотален хаос, негрижа и неодговорност. Ова не е лек што може да почека. За пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), тоа е секојдневна терапија без која болеста може сериозно да се влоши. Овие пацинети зависат од редовната терапија и секое нередовно земање на лекот може сериозно да го влоши нивното здравје. Кој ќе понесе одговорност тогаш?“, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.