Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

/

пред 300 дена

Сподели преку :

Поголема минимална плата?  Нема да има. Нема пари ниту за минимална плата, ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има, велат од СДСМ.

Според опозицијата ни доаѓаат „економски работници“, според договорот кој го објавија британски медиуми треба да им се обезбедат плати, сместување, пензии. Ако нема работа мора да им се плати, што значи нема да има ниту за плати ниту за пензии.

„Не, тоа не се мигранти. Економски работници. Затоа и Законот за странци го сменија. Може да ги нарекуваме економски работници додека Мицкоски не им даде пасоши, а потоа ќе станат рамноправни граѓани на Македонија“, стои во соопштението од СДСМ.