Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Премиерот на море со авион, а за работниците нема пари за 600 евра плата 

/

пред 231 дена

Сподели преку :

Премиерот ужива во луксузот на грбот на народот. Дури и на Јадранско море, на капење оди со владиниот авион, пишуваат од СДСМ.

-Додека нема пари за работниците, нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра, додека се кратат 40 милиони евра за земјоделците. Исто како Никола Груевски, тој купуваше мерцедес од 600 илјади евра и носеше очила од 60 илјади евра, а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купи нов авион, за нови туристички прошетки. Додека Мицкоски лета, работниците тонат. Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, се борат со скапотијата и ниските плати, а премиерот Мицкоски се луксузира во свет на привилегии, ароганција и расипништво, велат од опозциската партија.

Колку ги чинело граѓаните ова луксузирање на премиерот со владиниот авион? прашуваат од СДСМ.