Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Србија заплени пет тони дрога која минала низ Македонија, криминал кој е невозможен без поддршка на структури во власта

/

пред 244 дена

Сподели преку :

Опозициската СДСМ прашува дали заплената на пет тони дрога во Србија, која минала преку Македонија, е доволна причина Обвинителството конечно да реагира.

Генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ побара итна истрага и одговорност, посочувајќи дека ваков криминал не е можен без поддршка од структури на власта. Тој предупреди дека институционалниот молк е недозволив и дека одговорност, порано или подоцна, мора да има.