Власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски во предложениот Буџет за 2025 година, ги намали средствата за поддршка на домашните компании од 340 на само 220 милиони денари.
Истовремено парите за поддршка на странски компании се зголемени, реагираат од опозициската СДСМ.
Од партијата велат дека ова е политика на запоставување на домашните компании и фаворизирање на странските што пак според нив ги става македонските работници во подредена позиција, води кон економска нееднаквост и ниски плати.
За компаниите кои вработуваат 80% од сите вработени во државата Власта на Мицкоски предвидува помалку пари, а оние кои го носат профитот надвор повеќе, се вели во партиската реакција.
Со ова според нив ВМРО – ДПМНЕ ја враќа земјата на старата неефикасна и несоодветна политика.











