Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа треба да се почитува. Ова се зборови на никој друг туку на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираат во партиското соопштение на СДСМ.
Од таму додаваат дека Мицкоски со ваквата изјава потврдил дека ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх.
– Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје, велат од партијата.
Од СДСМ велат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се заглавени во минатото и освен штета на националните интереси, освен поделби меѓу граѓаните ниту можат ниту сакаат нешто друго да понудат.











