За првпат во историјата, со ребалансот на Буџетот се намалуваат субвенциите за земјоделците. Наместо зголемување и дополнителна поддршка, како што беше досега со СДСМ, сега ВМРО-ДПМНЕ крати средства – директно ја намалува финансиската поддршка за земјоделците, велат од опозициската СДСМ.
Потсетуваат дека во времето на СДСМ финансиската поддршка изнесуваше 8,3 милијарди денари (во 2023 година), додека со ВМРО-ДПМНЕ е намалена на 6,7 милијарди денари. Тоа значи над 30 милиони евра помалку за земјоделството – сектор од клучно значење за економијата и за обезбедување храна.
Дополнително, после две години предвремена, авансна исплата на 30% оваа година ВМРО-ДПМНЕ го укинува и тоа, нема да има.
– ВМРО-ДПМНЕ го намалува и буџетот за програмата за рурален развој, а со укинување на лимитот за директни плаќања од 18 милиони денари, повторно се фаворизираат големите компании на штета на малите производители, реагира СДСМ.











