Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Се бара одговорност и од родителите на децата кои тепале и снимале во Штип

/

пред 149 дена

Сподели преку :

По снимката на која се гледа како девојче е тепано од повеќе деца во Штип, удирано со тупаници и клоцано додека лежи на земја, судот изрече мерка засилен надзор од страна на родител.

Адвокатката на жртвата, Маја Ристова, вели дека семејството побарало одговорност и од родителите на децата кои тепале и снимале, поднесувајќи кривична пријава за запуштање и малтретирање дете.

Пријавите првично биле отфрлени, но по жалба случајот е вратен на повторно одлучување.

Психолозите предупредуваат дека агресивното однесување кај децата не е вродено, туку се учи, а клучна улога во тоа има семејството и воспитувањето.

Симона Петровска