Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се доцни со детекција и санација на дефекти во ски-центарот Попова Шапка, државните хотели во лоша состојба, а сезоната е, речиси, на прагот

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Тековните активности за одржување и проверка на техничката исправност на скијачката инфраструктура на Попова Шапка се прават речиси на прагот на новата сезона. Овие неколку дена стручни лица работат на детектирање и санирање на дефектите на ски-лифтовите, а во меѓувреме е објавен тендер на кој треба да се избере фирма која ќе направи технички прием, вели новиот управител на Ски центарот, Абдулгани Алији.

„Веќе доцниме еден месец или два, бидејќи тоа се прави порано, да се видат проблематиките и да се средат, за да се направи технички прием за да се пуштат во употреба. До сега направиме два ски лифтови на кои имаше дефекти. И другите ски лифтови да ги видиме какви проблеми имаат. Има ангажирано електроинженер и други луѓе што работат“, изјави Абдулгани Алији, управител на „Ски центар Попова Шапка“.

И државните хотели се наоѓаат во лоша состојба, поради што годинава ќе работи само Славија, затоа што во хотелот Попова Шапка нема услови, вели Алији.

„Во сезона планираме да работи хотел Славија, бидејќи има услови, а некои ќе ги подобриме, за да почне со работа, бидејќи да одиме до хотелот Попова Шапка да видите тоа е катастрофа, не може да се пушти во употреба“, додава Алији. 

Инфраструктурните проблеми на ски-центарот се провлекуваат низ годините, како и нерелизираните ветувања за систем за вештачки снег. И новите власти засега само со најава дека имаат амбициозен план и дека се работи на пронаоѓање на инвеститор.

Данијела Билбилоска