Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се надевам дека Скопје ќе бара решение, а не конфликт со Софија – шефица на бугарската дипломатија со порака за Македонија

/

пред 127 дена

Сподели преку :

Бугарија нема да се повлече од договореното во 2022 година, а патот на Скопје кон Европската Унија е преку исполонување на преземените обврски, порача шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова за БНТ. Таа изрази надеж дека Македонија ќе најде начин да се фокусира на исполнување на обврските од т.н. „француски предлог“ во 2022 година, наместо да бара конфликт со Софија.

„Ова не е прашање на билатерално ниво, туку на однос меѓу земја кандидат за члемнство и Европската Унија“, рече Петрова, јавува БНТ.

Нагласи оти „тонот на Бугарија“ бил „позитивен“ и ќе остане таков и во иднина, меѓутоа и дека не гледа ист политички однос и од македонска страна.

„Се надевам дека ќе најдат политичка зрелост. Често не ја гледам“, истакна бугарската министерка за надворешни работи.

Таа посочи дека лично учестувала во преговорите за т.н. „француски предлог“ од 2022 година и оти знае во детали што било договорено во Скопје.

„Четири години подоцна се врачам во владата, а нема напредок по тоа прашање. Тоа е тажно“, рече Петрова.

С.Д.

Фото: Timco Mucunski/facebook