Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се намалува бројот на активни деловни субјекти во земјава

/

пред 1435 дена

Сподели преку :

Бројот на активни деловни субјекти опаѓа, а најголем број на компании затвориле во 2020 година покажуваат бројките на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците во 2019 година, во земјава биле регистрирани и работеле 75.914 компании, од кои најголем дел биле во Скопскиот регион, каде функционирале 29.652 компании.

Во 2020 година, за време на пандемијата од коронавирусот, тој број се намалил на 73.061, односно 2.853 ставиле клуч на врата. Податоците на ДЗС покажуваат дека трендот на намалување продолжил и во 2021 година, кога било регистрирано дополнително намалување на активните компании, односно престанале да функционираат уште 139 фирми.

Најголемо учество во структурата на новосоздадените претпријатија во 2020 година има Скопскиот регион со 40,7 проценти, а најмало Североисточниот регион со 6,3 отсто. Во структурата на згаснатите претпријатија, во 2019 година најголемо учество има Скопскиот регион со 38,7 проценти, а најмало учество Североисточниот Регион со 5,9 отсто, се појаснува во анализата на ДЗС.