Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се намалува бројот на млади кои сакаат да заминат од земјава – истражување на студенти од универзитетот во Штип

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Младите од источниот и централниот дел на земјава го менуваат своето гледиште за заминување од државата. Според истражувањата на универзитетскиот професор Страшко Стојановски и студентите од штипскиот Правен факултет во 2018 година, 76,8% од анкетираните сакале да заминат во странство, четири години подоцна процентот е намален за 20%.

Според Стојановски, за да се задржат младите во земјава, државата мора да прави Стратегии на среден и долг рок, како и да се направи мапирање, односно од кој регион се иселуваат, во кој дел на светот и со какви компетенции. Дисперзирањето на високото образование и децентрализацијата имаат дадено резултати. Но, потребно е младите да бидат вклучени во донесувањето на одлуките и тоа пред се на локално ниво, а бараат и квалитетно образование.

Научната публикација „Млади, миграции и образование“ опфаќа реализирано истражување за изминатите, речиси, 10 години. Оние кои сакаат да заминат, својата иднина ја гледаат во западноевропските земји Германија и Швајцарија.

Викторија Јованова