Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се намалува бројот на новозаболени со Ковид-19

/

пред 1509 дена

Сподели преку :

Се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19 покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Минатата недела се регистрирани 3.477 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е намалување за 8,7 отсто во споредба со претходната седмица. Најголем дел од Ковид позитивни се во Скопје 40,6 %, додека највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, Неготино и Охрид.

Според неделниот извештај најзастапена е возрасната група над 60 години, а најмал е бројот кај населениото меѓу 10 и 19 години. Регистрирани се 729 реинфекции, со намалување за 10,8 проценти.

Во моментов во  болниците се лекуваат 199 пациенти, што е за 10,6 отсто повеќе во спроедба со претходната недела и од нив 55 се на кислородна поддршка.

Според Мемети важно е граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита кои во моментов се на сила доколку се имаа предвид присуството на БА5 и БА 4 варијантата на Омикрон кои се присутни во 80 % кај новозаразените со Ковид-19.

Нина Стефанова