Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Недостигот на учебници го наруши образовниот процес, сметаат психолозите

/

пред 1092 дена

Сподели преку :

Образовниот процес е нарушен со недостигот на учебници- знаењето нема да се намали, но ќе се зголеми недовербата во образованието откако учениците останаа без наставен материјал сметаат психолозите.

„Образование со воспитување, учење со воспитување и така треба да се гледаат, така треба да се третираат така треба биде изработен систем кои ќе ги опфаќа сите аспекти на учењето и на воспитувањето. И кога нешто недостига, кога нешто не е довршено кога нешто како да не е важно затоа што тоа се провлекува една година па втора па трета година, па родителите мора да се снаоѓаат . Замислете на какви коментари ние ги изложуваме децата затоа што родителите ги изложуваме на една таква ситуација да децата што ги пратиле во училиште не знаат каде ги пратиле, немаат доверба во системот“, вели за Телма, Мирјана Јовановска Стојановска психолог.

Полни со надеж за ново знаење, но со празни ранци основците и оваа учебна година ја започнаа без учебници, тврдат надлежните.

„Дистрибуцијата доцнеше, не се случи да биде пред први септември. Знаете каква чест и гордост е секој ученик да ги има учебниците на први септември и да ја наполни училишната ташна и да дојде подготвен со новиот предзивик во воспитмно образовната програма. За жал и оваа година нашите ученици дојдоа со празни ташни на училиште. Се делеа подоцна етапно меѓутоа се уште не се исполнети сите предмети со наставни материјали за учење“, вели за Телма, Магдалена Петреска директорка на ОУ „Лазо Ангеловски“ Скопје.

Додека дел од шестоодделенците ги чекаат учебниците, МОН етапно го доставува наставниот материјал и викендов, а министерот Јетон Шаќири вети дека почетокот на овој месец ќе биде последен рок за испорака на истите и тие ќе стигнат до рацете на учениците. Ова е трета учебна година која започна без потребниот материјал, а лани дел од основците ја завршија и без учебници по некои предмети.

Симона Петровска