Нов оглас за продажба на дел од запленетиот имотот на екс шефот на УБК, Сашо Мијалков. На продажба се нудат четири недвижности во вредност од 330.350 евра. Станува збор за три стана и еден гаражен простор кои му беа одземени со правосилна пресуда.
Огласот за продажба ќе трае 15 дена. Агенцијата за управување со одземен имот во септември продаде вкупно три одземени недвижности, согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“.
Претходно, во јули годинава, на аукција на берза беа ставени и запленети акции. Во разговор за Телма, Небиу потврди дека чека на влада да помине и одлуката за објавување на оглас за продажба на конфискуваниот имот на екс премиерот Груевски во предметот „Плацеви на Водно“.











