Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се обезбедуваат 12 милиони евра за ремедијација на малата депонијата во ОХИС која е контаминирана со линдан

/

пред 293 дена

Сподели преку :

Владата на Република Северна Македонија и Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС) денеска потпишаа продолжување на договорот за партнерство за ремедијација на малата депонија со линдан на локацијата на поранешната фабрика ОХИС во Скопје.

Со договорот се обезбедуваат дополнителни 12 милиони евра од Владата и период на имплементација од три години, во кој треба целосно да се завршат преостанатите работи на терен. Целта е безбедно отстранување и управување со опасниот отпад, со што значително ќе се намалат ризиците по здравјето на граѓаните и животната средина.

Ремедијацијата започна во 2021 година, а досега се отстранети околу 60 отсто од планираниот отпад. Продолжувањето на партнерството се очекува да овозможи целосно завршување на чистењето на малата депонија и да создаде услови за започнување активности и на поголемата депонија во ОХИС.

Еколошка бомба се создава во поранешен ОХИС – езеро од десетици метри во кругот на фабриката

Отров под нозете на граѓаните – линданот чека, а пари нема