Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се обидел да се качи во воз во движење кај Гевгелија – мигрант од Алжир со прегазена нога

/

пред 183 дена

Сподели преку :

Триесетгодишен мигрант од Алжир се здобил со тешки телесни повреди, откако паднал при обид да се качи на воз во движење во Гевгелија, при што возот му ја прегазил десната нога.

Како што соопштуваат од МВР, пријавата во Полициската станица Гевгелија е регистрирана вчера во 18:33 часот, а несреќата се случила на местото викано „Подвозник“. Повреденото лице веднаш било пренесено во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

„На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30- годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди“, стои во соопштението.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на гевгелиското Одделение за внатрешни работи (ОВР).