Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се огласи Трамп: Бајден беше најлошиот претседател, но полесно ќе се победи Камала Харис

/

пред 822 дена

Сподели преку :

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, вечерва се огласи неколку минути откако актуелниот претседател на САД, Џо Бајден објави дека се повлекува од изборната трка.

Во телефонски разговор за Си-Ен-Ен, Трамп рече дека Бајден е „најлошиот претседател во историјата на земјата“.

Тој рече дека мисли дека потпретседателката Камала Харис „ќе биде полесно да се победи од Бајден, иако сè уште не е познато дали таа ќе биде демократска кандидатка за претседател“.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска се повлече од кампањата за реизбор на претседателските избори во ноември.

Во писмото објавено на социјалните мрежи, Бајден рече дека верува оти е во најдобар интерес на неговата партија и земја да се повлече и да се фокусира исклучиво на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат.

Џо Бајден се повлече од трката за претседателските избори во САД

 

Кој би можел да го замени Бајден како демократски кандидат?