Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се помалку субкултурни простори во Скопје – на нивно место на секој агол има казина, обложувалници, шопинг центри

/

пред 1460 дена

Сподели преку :

Се помалку субкултурни простори и иницијативи кои некогаш беа белег на Скопје.

Места кои без проблем можевте да ги мапирате во главниот град, кои имаа своја автономија во однос на пазарот и државните институции, кои продуцираа култура која не е популарна и за масовна конзумација, вели Садику.

Зошто повеќе ги нема култната Точка, настаните на Коцка, промоциите и дебатите до доцните часови во Кооперација, се помал број на простори за алтернативна музика.

За сметка на тоа речиси на секој чекор различни обложувалници, кафулиња и шопинг центри.

„Еден од клучните проблеми кој го идентификувавме и знаеме дека постои со културните иницијативи, места и простори е нивната одржливост, поради тоа што многу од нив се одржуваат самоиницијативно и волонтерски. Во моментот кога ќе прераснат во комерцијализирани форми го губат нивното субкултурно својство и најчесто по неколку години изумираат“ – вели филозофот и активист, Артан Садику.

Според Садику во одредени случаи причината може да се лоцира и во тој јаз меѓу различни генерации.

Новите генерации се оние кои би требало да го вратат тој белег на овој град. За Ѓорѓе Јовановиќ кој е коавтор со Садику на публикацијата и истражувањето за субкултурата во Скопје клучниот проблем е што и по триесет години независност многумина не ја сфатија важноста и улогата на културата воопшто, да не говориме за субкултура и сето она што таа во светски рамки го разоткрива.

„Знаете како во некои други средини такви поалтернативни места функционираат по принципот на самопридонес, но во земја која е исклучително економски слаба и каде луѓето се со егзистенцијални проблеми просто тоа би било некаков луксуз да можат да одвојат некаков скромен буџет и да ги донираат во одредена културна иницијатива“ – вели ликовниот уметник, Ѓорѓе Јовановиќ.

Солидарностоа меѓу самите уметници и дијалогот на различни генерации уметници можеби е единствениот начин за да се надмине ваквата ситуација и да започне фаза на креирање нови субкултурни места во Скопје, смета Јовановиќ.

Нина Стефанова