Центрите за врсничко насилство постапуваат по секоја пријава за булинг во градинките и училиштата, уверува министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска.
Против булингот, преку општествено одговорната кампања „Крени глас“, и Макпетрол го вклучи алармот за овој проблем. Кампањата ја поддржа и Општина Центар, која потпиша меморандум за соработка со Макпетрол.
Во осумте основни училишта на територијата на Центар почнаа обуки на наставниот кадар, едукативни предавања и интерактивни работилници со учениците. Секој кој што бил жртва или посведочил на булинг анонимно може да го пријави случајот на специјално креираната платформа крениглас.мк.











