Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се пријавил и последниот осомничен полициски службеник опфатен со истрагата за пожарот во Кочани и тој е пензионер

/

пред 545 дена

Сподели преку :

Утрово се пријавил и последниот осомничен полициски службеник кој е опфатен со истрагата за пожарот во Кочани. Од обвинителството потврдија дека по пријавувањето, осомничениот полицаец е однесен пред судија за кривична постапка. Станува збор за уште еден пензионер.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција синоќа соопштија дека за сите 14 досега осомничени полициски службеници се побарани и определени мерки на претпазливост односно одземање на пасош, забрана за комуникација со други осомничени, забрана за напуштање на градот и обврска да се јавуваат во суд.

Половина од осомничените полицајци се пензионери и се истражуваат за постапки и документи подготвени од 2012-та до март 2023-та.

За дела од минатото е опфатен и разрешениот командир на полициската станица во Кочани.

Досега со истрагата не е опфатен ниту еден актуелен полициски началник кои биле на функција кога се случи пожарот.