Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сè уште не е решен проблемот со 9-годишното дете од мал згрижувачки дом во Влае кое се уште не оди во училиште

/

пред 1105 дена

Сподели преку :

Институциите продолжуваат да си ги префрлаат надлежностите околу 9-годишното момче сместено во мал згрижувачки дом во Влае. Телма изминатата недела објави дека детето не оди во досегашното училиште. Надлежните беа убедени дека момчето посетува настава, но не открија во кое училиште. Додека неговото столче во училишната клупа стои празно тој питачи на крстосници. Директорката на малиот групен дом во Влае ги негираше сите информации за момчето, но министерката за труд и социјала Тренчевска призна дека има проблеми со момчето.

-Се преземаат мерки. Се води истрага во Основното јавно обвинителство и во овој момент навистина не би излегувала со повеќе детали. Да оставиме истражните органи да си ја завршат работата и ќе излеземе и тие и ние како министерство со повеќе детали, вели Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

За тоа каква истрага се води, кој, кога и каде пријавил министерката Тренчевска не откри.

Дека има проблеми со децата од малите групни домови потврди и народниот правобранител.

Момчето пред повеќе од година дена беше одземено од родителите во Кочани и донесено во Скопје, за да не питачи по кочанските улици, но, сега продолжи по скопските.

Тамара Марковска